Украинскиот претседател Петро Порошенко денеска изјави дека „нема причина за паника“ поради ситуацијата со бунтовниците во источна Украина и дека украинската армија располага со доволно ресурси да го одбие нападот, ако не успее примирјето.
– Ако настаните почнат да се развиваат спротивно од мировниот план украинските вооружени сили се подготвени и се способни да се справат (со евентуална офанзива), посочи Порошенко.
Тој нагласи дека Киев ќе продолжи да бара мирно решение за конфликтот во источна Украина.