Хелсиншки и Цивил со повик за Марш за толеранција, против омразата и поделбите

Од:

На 16 ноември, Меѓународниот ден на толеранцијата Хелсиншкиот комитет за човекови права и Цивил организираат Марш на толеранцијата во Скопје.

„Говорот на омраза и делата сторени од омраза врз основа на расна, верска, етничка, полова, родова и сексуална ориентација како и институционализираната дискриминација врз основа на политичка припадност кои се резултат на длабоко вкоренети предрасуди и омраза неминовно продуцираа поделби и тензии во Република Македонија денес.

Последиците директно ги чувствуваат граѓанките и граѓаните на Република Македонија кои секојдневно се лишени од соодветно остварување на правата од здравствената заштита, образование, социјални услуги, еднаков пристап при вработување како и еднаков пристап до правда и почитување на нивната различност.

Човековите права и слободи, владеењето на правото и слободата на говорот останаа да бидат само декларативни заложби на хартија.

Меѓународниот ден на толеранција е денот кога ја искажуваме својата загриженост за ваквите сериозни нарушувања на состојбите со човековите права и слободи во Република Македонија.

Затоа, апелираме до надлежните државни органи, организации, институции и општински и општествени актери да се откажат од досегашните политики и практики и да преземат итни мерки за справување со дискриминацијата и кршењето на човековите права и слободи во земјата.

Го повикуваме Јавниот обвинител Зврлевски конечно да се запознае со делата сторени од омраза и да ја врши работата согласно надлежностите пропишани во закон.

Апелираме за толеранција меѓу граѓанките и граѓаните на оваа земја, почитување на различностите и солидарноста како одговор на штетните политики на структурите на моќта.

Толеранцијата е патот кој води до еднаквост, слобода и правда. Национализмот, шовинизмот и омразата ќе донесат само хаос и деструкција, а жртви се секогаш граѓанките и граѓаните на оваа земја.

Хелсиншкиот комитет за човекови права на РМ и Цивил – Центар за слобода го реафирмираат својот повик по повод Меѓународниот ден на толеранцијата: Правда! Слобода! Еднаквост!

Ги повикуваме сите луѓе со добра волја да дадат личен придонес кон подобрување на светот преку практикување на толеранцијата во сопствените семејства, соседството, на работното место и во јавноста.“, се вели во соопштението.

Хелсиншкиот комитет за човекови права на РМ и Цивил – Центар за слобода ги повикува сите граѓански организации и активисти да го поддржат Маршот на толеранцијата кој ќе се одржи во Скопје, недела, 16 ноември, со почеток во 5 минути до 12 часот напладне, пред Музеј на Град Скопје. Учесниците на Маршот ќе се движат од Музеј на Град Скопје, преку ул. Македонија, ул. 11 Октомври, Влада на РМ, Мост Гоце Делчев, до платото пред Универзитетот на ЈИЕ, каде што ќе се одржи сценски и диџејски настап.

Маршот на толеранцијата го организираат Хелсиншки Комитет за човекови права на Република Македонија и Цивил – Центар за слобода, а досега го поддржаа: ЛГБТИ Центар за поддршка, Национална мрежа против хомофобијата и трансфобијата, Коалиција Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници, ХОПС – Опции за здрав живот, Х.Е.Р.А. – асоцијација за здравствена едукација и истражување, Субверзивен Фронт, Реактор – истражување во акција, ЛГБТ Јунајтет, Женска алијанса, Женска граѓанска иницијатива Антико, Фондација Метаморфозис, Младински образовен форум, Плоштад Слобода, Национален совет за родова рамноправност, ЕДЕН, Тера Флорија, Фондација Отворено општество Македонија.

Би можело да ве интересира

Хелсиншки комитет: Институциите мора да ги заштитат осудениците во висок ризик

Ана Ололовска

„На образованието му треба сериозно проветрување од насилници“

Ана Ололовска

Хелсиншки комитет: Инсистираме на објективна и навремена истрага и одговорност за трагедијата во тетовската болница

Ана Ололовска

Хелсиншки комитет за човекови права: КСЗД утврди – Мото клубот Пелистер врши директна дискриминација

Ана Ололовска

Анализа: Пандемијата ја продлабочи нееднаквоста на лицата со попреченост

Ана Ололовска

Хелсиншки комитет за човекови права: Годишен извештај за криминалот од омраза во 2020, регистрирани 104 вакви инциденти

Ана Ололовска