Турски министер можно е да поднесе оставка по инцидентите во турските рудници

Од:

Турскиот министер за енергетика и природни ресурси Танер Јилдиз не ја исклучува можноста од поднесување оставка на функцијата, како одговор на опозициските повици по најновите инциденти во рудниците во земјата, соопшти телевизијата „Хабертурк“.

– Повикот за оставка е барање на кое треба да и се одговори на опозицијата. Не мислете дека не сум размислил да го сторам тоа. Јас сум човек кој живее со принципи, и оставката му ја предадов на Министерскиот совет уште во мај за време на трагедијата во рудникот во Сома, изјави синоќа Јилдиз пред опозициските пратеници.

Тој зборуваше за време на дебатата за буџетот на неговото министерство.

Министерот откри дека и претходно ја понудил својата оставка од функцијата, околу две недели по вториот инцидент од 28 октомври, кога 18 рудари од рудникот Ерменек останаа блокирани под земјата.

Јилдиз посочи дека со премиерот Ахмет Давутоглу повторно ќе ги разгледа опозициските барања за негова оставка, додавајќи дека „оние кои ме познаваат знаат дека оставката е полесниот начин“.

На 28 октомври при поплавувањето на рудникот за камен јаглен во Ерменек, во јужна Турција, на повеќе од 300 метри под земја останаа блокирани 18 рудари. Досега се извадени две тела на загинати рудари, но за останатите 16 нема надеж дека ќе бидат најдени живи, посочува весникот „Хуриет дејли њуз“.

Инцидентот во Ерменек се случи на помалку од шест месеци по експлозијата и пожарот во рудникот Сома, во западна Турција, во кои загинаа 301 рудар.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ