Цел на Турција како иден претседавач на Г20 намалување на разликите меѓу богатите и сиромашните држави

Од:

Стратегијата на Турција за време на нејзиното претседавање со Групата 20 најразвиени држави (Г20) ќе биде насочена кон намалување на нееднакоста меѓу најразвиените и најмалку развиените земји, изјави турскиот премиер Ахмет Давутоглу пред самитот на лидерите на Г-20 овој викенд во австралискиот град Бризбејн.

Давутоглу, кој пристигна во Бризбејн вчера нагласи дека престојното турско претседавање, кое почнува во декември се совпаѓа со исклучително важен период за Г20.

– Турција ќе биде натоварена со тешка задача да го координира имплементирањето на веќе донесените одлуки од земјите од Г20, како и да ги хармонизира тие планови, посочи Давутоглу.

Тој нагласи дека земјата има друга важна улога, односно улогата на координатор на најнеразвиените економии во светот, која и беше доделена во 2010 година со мандат од десет години.

Според Давутоглу тоа на Турција и дава можност да биде „мост меѓу најмалку и најмногу развиените држави“ .

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ