Како тече украинскиот мировен договор

Од:

Два месеци откако Украина потпиша мир со проруските бунтовници, секојдневно подолжуваат борбите на исток, а другите клучни услови од договорот се уште не се остварени. И покрај продолжувањето на насилствата, Русија и Украина постигнаа мулитимилионски договор за гасот кој ги намали стравовите дека доставата на рускиот гас до Европа може да биде прекината.

Еве како изгледа договорот помеѓу соседите, што е досега постигнато и кои се предизвиците кои претстојат.

Прекин на огнот

Преговорите помеѓу Русија, Украина, проруските бунтовници и Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), на 5 септемри потпишаа договор за прекин на огнот во Минск, главниот град на Белорусија.
Непријателствата продолжуваат во поголемиот дел од истокот, но жестоки престрелки сеуште се водат околу аеродромот на Доњецк, главното упориште на бунтовниците, и на неколку други стратешки локации. Секоја од страните ја обвинува другата за прекршување на мирот.

Продолжувањето на насилствата е вкоренето во несоврешноста на договорот од Минск, каде не е обележана јасна линија на разграничување. Преговорите со посредство на ОБСЕ продолжуваат. Ако страните успеат да постигнат договор, треба да одат кон следниот чекор според планот од Минск: да ја повлечат својата артилерија најмалку 15 километри од линијата на разграничување.

Испорака на гас

Иако руско-украинскиот спор околу гасот не е дел од договорот од Минск, тоа доминираше во разговорите помеѓу претседателите Владимир Путин и Петро Порошенко. Европската Унија се обиде да посредува за решение и страните конечно минатата недела успеаја да постигнат договор.

Украина се согласи да и плати на Русија 3,1 милијарди долари до крајот на годинава за претходните испораки на гас, и страните ја усогласија цената на гасот кој треба да биде испорачан во текот на зимата. Украина веќе ја изврши првата уплата, а испораките на гас од Русија до Украина се очекува да продолжат.

Договорот за гасот беше клучен за да се спречи повторување на настаните од 2009, кога прекинот на испораката на рускиот гас и покрај спорот околу неговата цена со Украина, ги остави Европјаните да се тресат речиси две недели.

Контроли на границата

Украина и западот ја обвинуваа Русија за поттикнување на бунтот со постојано внесување на војници и оружје, обвинувања кои Москва ги одбива. Границата отсекогаш била порозна, а Украина целосно ја загуби контролата над бунтовничкиот регион уште во август. Договорот од Минск и дава на Украина можност да ја поврати контролата на своите граници со Русија, но тоа не се случува.

Првиот ветувачки знак за некаков прогрес беше кога руски и украински претставници минатиот месец постигнаа договор за воспоставување заеднички монитор на граничните премини, но допрва тие треба да бидат организирани и потоа треба да се постигне сличен договор за други делови од границата.

Мониторирање на границата

Во договорот од Минск не се спомнува распоредување на набљудувачи од ОБСЕ за да го надгледуваат мирот. Германија и Франција ветија дека ќе обезбедат дронови за помош на мисијата. Обсе веќе има мал тим набљудувачи на теренот, но треба да прати уште стотици за следењето да биде ефикасно.

Русија дава мешани сигнали во врска со присуството на ОБСЕ. Дочека мал тим на Обсе на два гранични премина, но одби да и дозволи на организацијата да го прошири своето надгледување на целата граница.

Странски борци

Со договорот се прецизира повлекување на сите странски борци од областа на конфликтот. Москва тврди дека илјадниците руси кои се приклучиле на бунтот, дека го сториле тоа доброволно, и ги одбива украинските и западните обвинувања дека испраќа свои војници.

Некои руски националисти тврдат дека се соочуваат со се повеќе пречки во обидот да пренесат борци и опрема во Украина, што значи дека е можно Москва да се обидува да го спречи нивниот влез. Но набљудувачите на ОБСЕ на границата секоја недела известуваат дека гледаат како стотици луѓе во борбена опрема непречено ја преминуваат границата за излез и влез во Украина.

Избори

Договорот од Минск вклучува и локални избори во регионите кои се под контрола на бунтовниците. Порошенко потпиша закон со кои на бунтивничките региони им се дава широка автономија и закажа гласање за законот во декември. Но бунтовниците го отфрлија овој предлог закон како фарса, со тврдење дека во него дури и јасно не се обележани областите на кои тој се однесува, заради отсуството на договорена линија на поделба на контролата. Тие си одржаа свои избори на 2 ноември, и избраа локален парламент и влада.

Иднината
Киев изгледа е подготвен да прифати губење на територијата на исток, барем до пролет. Но со уништена економија, сепаратистичките власти немаат како да остваруваат приходи, а Русија по се изгледа не е спремна финансиски да ги покрива. Украина може да се надева дека на крајот бунтовниците ќе прифатат степен на владина контрола во замена за субвенции.

Во меѓувреме, Путин можеби се надева дека замрзнатиот конфликт во источна Украина ќе и даде на Русија доволно време да го спречи својот сосед да се приклучи на Нато, додека економските проблеми на Украина во целина можат да предизвикаат социјални немири и да ја ослабнат владата на Порошенко, со што најверојатно ќе се согласат на условите кои ги поставува Русија.

Додека западните санкции придонесоа за стромглав пад на рубљата и нагол пораст на инфлацијата, тие не успеаја да ја сменат политиката на Путин. Нови санкции може само да ги влошат нештата, со што ќе се разгори националистичкиот сентимент и ќе доведеат до изолациски трендови во политиката на Кремљ. Свртен со грбот кон ѕидот, Путин може да се потпре на војската за да ги оствари своите цели во Украина.

Њу Зеланд хералд – Оукланд

 

Би можело да ве интересира

Зеленски го претстави победничкиот план, има пет точки

Серија воздушни напади врз Киев

Тарнер: Украина има право да пука во цели во Русија

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Русија: Околу 112.000 луѓе евакуирани од украинскиот упад во областа Курск

(ВИДЕО) ХУР: Уништен е стратешки руски воен авион