Една 91-годишна жена од Полска ги изненади вработените во локалната мртовечница кога 11 часа откако беше прогласена за мртва, почнала да се движи, јавија денеска полските медиуми.
Јанина Колкјевич пред една недела семејството ја пронајде дома без видливи знаци на живот, а лекарката која била повикана на самото место констатирала смрт.
Јанина, сепак, 11 часа подоцна се разбудила во ладилникот на мртовечницата во источниот дел на Полска.
– Бев сигурна дека е мртва, изјави докторотака Вјеслава Чиз, која ја потпишала посмртницата и додаде:
– Вџашена сум, не разбирам што се случи. Таа немаше пулс и не дишеше.
– Внуката на Јанина за еден локален весник изјави дека нејзината тетка не знае што се случило со неа, затоа што боледува од напредна деменција.
– Кога ја донесовме дома, рече дека се смрзнува и побара филџан топол чај, рече внуката.