Безбедност на патишта

Од:

Последиците од учество во сообраќајот во услови на одвлечено внимание поради употреба на смартфон или под дејство на алкохол и психотропни супстанции ќе бидат тема на дискусија на денешната тркалезна маса што ја организира Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

На тркалезната маса, што се организира по повод одбележувањето на претстојниот Светски ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни несреќи – 16 ноември ќе учествува и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Светскиот ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни несреќи – 16 ноември го прогласи Организацијата на Обединетите нации во рамките на глобалните напори за  подобрување на безбедноста на сообраќајот на патиштата  и намалување на бројот на загинати и повредени лица во сообраќајни несреќи.

Би можело да ве интересира

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on

Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – село Луке

Ана Ололовска