Резиденција со 250 соби ќе се гради за турскиот претседател

Од:

Додека да биде изградена спорната претседателска резиденција во близина на Анкара, ќе се изгради нова со 250 соби, која ќе биде во близина на резиденцијата со сто соби, соопшти анкарската филијала на Здружението на архитекти на Турција.

– Комплексот нема да се состои само од резиденцијата, за која нема дозвола. Резиденцијата каде ќе живее претседателот е планирана да биде со површина од 7.000 метри квадратни, според нашите пресметким изјави претседателката на анкарската филијала на Здружението на архитекти Тезџан Каракуш Џандан.

Таа наведе дека претседателската резиденција ќе има 250 соби, џамија со капацитет за 4.000 луѓе и културен центар. Џандан посочи дека планираната џамија е претенциозна и е копија.

– Претседателот мисли дека една силна држава треба да има голема резиденција. Белата куќа е со 5.109 метри квадратни, што е една од најмалите резиденции во светот. Тоа би требало да значи дека САД се мала држава. Голема резиденција не значи голема држава, наведе Џандан.

Новата претседателска резиденција се наоѓа на територијата која е заштитена природна зона. Административниот суд во Анкара ја стопира изградбата, но одлуката не беше почитувана.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ