Одговор на прес конференцијата на СДСМ – Гази Баба, од ОУ Стив Наумов:
Барањето кое е испратено за полагање на цвеќе на бистата на Стив Наумов, која се наоѓа во кругот на ОУ „Стив Наумов“ беше потпишано од ОК на СДСМ Гази Баба.
Согласно Законот за основно образование број 103 од 2008 во член 11 стои: „Во основното училиште се забранува политичко и верско организирање и дејствување, како и истакнување на партиски и верски обележја“.
Основното училиште Стив Наумов го одби барањето за полагање на цвеќе, постапувајќи согласно Законот, кое им беше навремено и уредно доставено, а воедно и примено од нивна страна.