ЛДП: Министерот Тодоров да се самоказни

Од:

Од ЛДП – Битола бараат министерот за здравство Никола Тодоров да си се самоказни за хаосот и финансиските штети што им ги предизвика на граѓаните како резултат на неговото лошо менаџирање со здравствените проблеми.

Веќе неколку месеци во Клиничката болница која е и регионален центар нема реагенси за испитување на хормонот кој ја регулира тироидната жлезда, велат оттаму.

На пациентите не може да им се даде соодветна терапија, а секое одложување на терапијата може да биде кобно по нивното здравје.

За сметка на тоа приватните лаборатории не по своја вина користат најмногу од оваа ситуција и пациентите наместо 40 денари колку што таа услуга чинеше во Клиничката болница плаќаат многу повисоки суми на пари.

Жалосно е што ваквата состојба велат ќе трае најмалку до крајот на февруари наредната година. Неминовно се поставува прашањето: Зошто функционира мој термин кога одделението не може да одговори на барањата на пациентите ? На кој му одговара ваквата состојба и кој ја поттикнува?

-Колку животи треба да изгубиме, па некој да се сети дека на Клиничка болница и се потребни реагенси и материјали за работа, а не само празни реклами?

-Ќе понесе ли некој одговорност затоа што нечии џебови се преполнија во овој период на сметка на пациентите од целиот регион?

Додека ова се случува, началникот на одделението, заедно со својата сопруга исто така лекар, бил на обука во странство. Прашуваме зошто ли се неопходни обуки кога луѓето нема со што да работат?

Ова не е единствен проблем во Клиничката болница. Остануваат проблемите со недостатокот на лекови, нерешениот статус на 160 волонтери, масовното заминување во приватното здравство и друго, се вели во реакцијата на ЛДП.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Зајкова: Одбрана, дигитализација и брзо проширување за целосна интеграција на Западен Балкан

Половина милијарда евра повеќе од буџетот за одбрана да ги инвестираме во домашно производство – министерот Муцунски на линија со позициите на ЛДП, велат од партијата

Гувернерот на страната на ЛДП, на ред банките и Собранието

Зајкова: Единствена позиција за претстојниот НАТО самит и изработка на стратегија за инвестирање во домашната одбранбена индустрија

(ВИДЕО) Аврамовски: ЛДП утре во Собранието повторно ќе го поднесе предлог законот за отворени листи и една изборна единица

Горан Наумовски

ЛДП бара една изборна единица и отворени листи

Горан Наумовски