Јапонската полиција упадна на влијателниот Универзитет Кјото

Од:

Јапонската полиција денеска упаднала во студентскиот дом на Универзитетот Кјото, а медиумите оваа акција ја поврзуваат со потрагата за активисти на левичарското движење, имајќи предвид дека претходеле нивни апсења на почетокот од месецов.

Медиумите пренесуваат дека десетици полицајци со панцири влегле во студентскиот дом за да пронајдат левичарски активисти меѓу студентите, а биле поддржани и од воздух од полициски хеликоптери.

Акцијата ја извршила токиската Метрополитен полиција, која засега не ги коментира медиумските извештаи.

Според медиумите, упадот на Универзитетот е поврзан со апсењата на 2 ноември на припадници на левичарското движење, кога полицијата привела три лица, меѓу кои најмалку еден бил студент на Кјото, кој важи за еден од најдобрите универзитети во Јапонија.

Студентскиот радикализам го достигна својот врв во 60-тите и 70-тите години, кога избиле насилни протести порди сојузот на јапонската војска со САД за време на виетнамската војна, како и при изградбата на меѓународниот аеродром Нарита во близина на Токио.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови