Ставрески: Ќе има сериозни инвестиции за Коридорот 8

Од:

Коридорот 8 претставува еден  од стратешките приоритети во транспортната инфаструктура за следниот среднорочен период   и  во таа насока планираме да вложиме сериозен износ средства, изјави денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, одговарајќи на новинарски прашања.

Според Ставрески, со вчерашната објава од Европската банка за обнова и развој дека се одобрени 145 милиони евра за втората фаза од пругата кон Бугарија, од Белјаковце до Крива Паланка, се обезбедени средства и реализацијата на пругата ќе продолжи непречено.

–  Тоа  ќе претставува главната алтернативна опција за транспортот во однос на постоечкиот Коридор 10. Очекувам во следниот период исто така да се интензивира и градбата на патот од Кичево до Охрид и Струга и источниот автопат од Скопје до  Штип, така што во целина и Коридорот 8 и  краците на Коридорот 8 ќе бидат во фокусот на Владата за следните три-четири години и ќе има сериозни инвестици во тој дел, рече Ставрески, по потпишувањето на договорот за проектот за модернизација на патарините долж Коридорот 10.

Би можело да ве интересира

Николоски: До крајот на јануари ќе заврши целокупната експропријација за патните делници од коридорите 8 и 10д

Тунелот да го гради еден изведувач, постигнати почетни договори за пругата кон Бугарија

ДУИ: Целосното ретерирање на Владата за Коридорот 8, ја потврди чистотата на проектот

Катерина Ѓуровски

Ќе биде блокирана експропријацита за коридорите 8 и 10 ако не се исполнат барањата на правобранителите

ДУИ: Партиите кои денес се фалат со Коридорот 8 до вчера го критикуваа

СДСМ: Ниту тунелот бил слеп, ниту нова траса за пругата, уште една лага на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски