Европскиот суд за човекови права ја потврди реалната доживотна казна затвор

Од:

Европскиот суд за човекови права ја потврди реалната доживотна казна затвор, предвидена во француското законодавство, пренесува дописникот на МИА од Париз.

Судот од Стразбур беше повикан од францускиот осуденик на реална доживотна казна затвор Пјер Бодеин, наречен „Пјер Лудиот“, да се изјасни дали Франција не ја почитува достојноста на човекот, дозволувајќи дозживотна кзна затвор.

Пјер Бодеин во 2007 година беше првото лице во Франција осудено на реален доживотен затвор, без можност да добие скратување на казната или да побара милост по поминати 22 години во затвор или 30 години за убијци на деца, односно казна која според нејзините противници е наречена „одложена смртна казна“.

Пјер Бодеин е трикратен убиец, а меѓу жртвите се наоѓа и едно дете од 10 години, злосторства кои тој ги направи во 2004 се меѓу најужасните во аналите на француската судска историја година. Денес тој има 66 години и се наоѓа во затворот Мулан.

Во својата пресуда судиите од Стразбур оценија дека „француските закони даваат можност за пресипитување на пресудата за доживотен затвор, што е доволно, во поглед на дискреционото право на државата“.

Во Франција има само три лица кои се осудени на ова казна воведена во 1994 година.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он