Американската влада контролира со дронови речиси поливина граница со Мексико, а владата планира ваквата стратегија да ја примени и на границата со Канада.
Тоа претставува значителна промена во однос на досегашната практика за присуство на човечки патроли на терен и огради.
Според новиот пристап, дрон „Предатор БС“ снима оддалечени планини, кањони и реки со камери со висока резолуција и се враќа да ги сними истите места во рок од три дена, изјавија двајца анонимни американски претставници.
Потоа двете снимки се споредуваат, а аналитичарите користат софтвер за утврдување на најмали промени, можни траги од фармери или крави, имигранти кои илегално влегуваат во САД или шверц на наркотици.
Новата стратегија е почната од март 2013 година и досега се извршени околу 10.000 летови со дронови.
Летовите моментално покриваат 1.448 километри, во најголем дел над Тексас, но се очекува зголемување на територија на американско-канадската граница до крајот на 2015 година.