Брод на воената морнарица на Египет бил нападнат во Средоземно Море при што пет војници се повредени, а осум се исчезнати, соопшти египетската армија.
Во соопштението на египетската армија нападот се оценува како „терористички“.
Четири помали бродови, што биле искористени во нападот, се уништени во престрелката на море. Во инцидентот се приведени 32 вооружени напаѓачи.
По соборувањето на исламистичкиот претседател Мохамед Морси од армијата во јули 2013 година нападите врз египетските сили за безбедност се честа појава, но вчерашниот напад на море досега е без преседан.