Египетскиот претседател издаде указ за депортирање странски државјани осудени во Египет

Од:

Египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси вчера издаде указ што му дозволува да депортира странски државјани, осудени на затворски казни во неговата земја, соопштија светските агенции.

Одлуката може да доведе до ослободување на австралискиот новинар од катарската телевизија „Ал Џазира“, Питер Грест, забележаа агенциите.

Грест беше затворен заедно со шефот на египетското бир на „Ал Џазира“ во Каиро, Мохамед Фадел Фахми, кој има египетско и канадско државјанство, и со египетскиот продуцент Бахер Мохамед.

Тројцата беа уапсени во декември минатата година и шест месеци подоцна беа осудени за неточно пренесување информации за настаните во Египет, фалсификување документи и соработка со исламистичкото движење „Муслиманско братство“’, кое е забрането од новите египетски власти.

Грест и Фахми добија по седум години затвор, а Мохамед десет години.

Западните влади и организации за правата на човекот остро го осудија овој случај. „Амнести интернешенел“ судскиот процес го оцени како „фарса“ и „жесток напад против слободата на медиумите“, а „Ал Џазира“ обвиненијата против тројцата ги нарече „апсурдни“.

Би можело да ве интересира

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро