Турција воведува построги мерки за безбедност на работа

Од:

Турција од вчера воведе построги правила за безбедност на работа, зголемувајќи ги казните за непочитување на законските норми, кои вклучуваат и забрани за компаниите да учествуваат на тендери за јавни набавки.

Санкциите вклучуваат и парични и затворски казни за лицата одговорни за смртоносни несреќи на работните места.

Ваквите мерки се воведени по серијата инциденти во неколку фабрики и рудници во Турција во последниве месеци, во кои загинаа над 300 лица.

Турските власти најавија дека на компаниите две години ќе им биде забрането да учествуваат на тендери за јавни набавки, доколку бидат прогласени за одговорни за инциденти на работни места во кои ќе има човечки жртви.

Според податоците на Меѓународната организација на трудот, Турција е на третото место во светот според смртноста на работните места.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ