Во Истанбул започна првиот состанок на муслиманските лидери од земјите на Латинска Америка, јави агенцијата Анадолија.
На средбата, организирана од Одделот за верски прашања во Турција, присуствуваат 76 верски лидери од 40-тина земји на Јужна Америка, каде живеат околу шест милиони муслимани.
На состанокот присуствуваат и претставници на организации на муслиманите од Европа, Азија и Африка.
– Терористите го користат исламот за своитe крвави напади, повредувајќи ги нашите вредности. Ние не треба да дозволиме да се потценуваат исламот и муслиманите ширум светот, рече заменик-премиерот на Турција, Јалчин Акдоган.