По изјавата во Белград, Рама сепак не е херој за сите во Албанија

Од:

Поранешниот заменик министер за надворешни работи во Владата на Сали Бериша, Крешник Чолаку смета дека репликата Рама-Вучиќ била однапред договерена работа.

Коментирајќи на својаот профил на Фејсбук, Чолаку наведува дека тоа го сториле за да се покажат како херои во своите земји, глумејќи наивност.

– Секој кој и најмалку ја познава технологијата на организирање на вакви билатерални средби и нивно презентирање пред јавноста.. лесно сфаќа дека можноста е нула да се излезе надвор од претходно подготвеното и договрено сценарио, пишува Чолаку.

Според негом големи државници на нивни средби меѓусебно се заканувале со војна но потоа пред јавноста се ракувале.

– Не може да се верува дека на еденочасовната средба Рама и Вучиќ не се договориле за Косово. Јасно е дека репликата пред камерите е претходно договрена работа од двајцата, за да и двајцата профитираат политички во нивните земји. Фактички и двајцата да изгледаат како херои во нивните земји, глумејќи наивност, пишува Чолаку.

Тој уште додава дека пред камерите не си ни подале рака а по неколку часа вечерале заедно.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Брод удри во гребен кај хрватски остров, мештаните ги спасуваа патниците

Предраг Петровиќ

Додик: Бараме начин момчињата од Српска да служат војска во Србија, би им дале привилегии

ВИДЕО: Додик запеа по победата на Трамп

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици