До октомври поднесени 300 претставки за злоупотреба на лични податоци

Од:

Тенденција на благо опаѓање бележи годинава бројот на поднесени претставки за злоупотреба на лични податоци. Но тоа не значи дека ние сме ја исполниле целта. Повторно најголем дел од претставките се за злоупотреби на социјалните мрежи, соопшти денеска директорот на Дирекцијата за заштита на лични податоци Димитар Ѓеорѓиевски.

– До октомври оваа година се примени 300 претставки кои се однесуваат на социјални мрежи и прекршување на приватноста и тоа во најголем дел се однесуваат на поединечни случаи на бришење профили, хакирање и други активности поврзани со недозволено однесување на интернет, изјави Ѓеорѓиевски.

Од овие 300 претставки, 186 се за злоупотреба на личните податоци на социјалните мрежи. За бришење на лажен профил на Фејсбук се поднесени 120 барања, 10 барања за бришење на лажни профили на малолетни лица на оваа мрежа. За пробиено корисничко име или лозинка на профил се поднесени 40 барања, за отстранување на содржини од интернет страници се понесени 14 барања, а само две за остранување на содржини на други социјални мрежи.

Истиот период лани состојбата со примени претставки е речиси иста, со што имаме блага тенденција на намалување.Во 2013 година до октомври биле поднесени 325 претставки, од кои 190 за злоупотреба на личните податоци на социјалните мрежи.

– Со тоа ние не се задоволуваме дека сме постигнале цел која што е за очекување, и се разбира продолжуваме да работиме, изјави Ѓеорѓиевски на денешната завршна прес-конференција од проектот за „Техничка помош за зајакнување на организациските и институционалните капацитети за заштита на лични податоци“ на ДЗЛП и Норвешкиот орган за заштита на лични податоци.

Во рамките на овој проект е формиран тим за брза интервенција бидејќи, како што појаснува Ѓеорѓиевски, повредите на приватноста на интернет вклучително и на Фејсбук бараат од брз одговор. – Постапувањето е во рок од 24 часа од моментот кога ќе биде пријавено кај нас, вели директорот на ДЗЛП.

Сепак предупредува дека однесувањето на интернет зависи од секој од нас.

Би можело да ве интересира

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена