Армијата на Украина се прегрупира очекувајќи евентуална нова офанзива

Од:

Владините сили се прегрупираат во подготовка на евентуална нова офанзива на проруските сепаратисти во источните региони, изјави Степан Полотрак, министер за одбрана на Украина.

На седница на Кабинетот во Киев тој рече дека бунтовниците добиле поддршка и покрај примирјето од 5 септември кое многупати беше нарушувано.

– Ги предислоцираме нашите оружени сили како одговор на акциите на бунтовниците, изјави тој. Министерот додаде дека најважна задача е подготовка на воени дејствија.

Полторак вели дека украинските сили за безбедност извршиле „големи работи со подготовка на првата линија на одбраната“ и работат на втората.

– Склучивме и договор за доставување оружје вредно 63,5 милиони долари, изјави украинскиот министер за одбрана.

Украински воен портпарол вчера изјави дека сепаратистите ја засилуваат моќта околу јужниот приморски град Мариупол. Владата на Украина во четвртокот соопшти дека колона со тенкови и камиони со војници навлегла од Русија во источна Украина.

Би можело да ве интересира

Зеленски го претстави победничкиот план, има пет точки

Серија воздушни напади врз Киев

Тарнер: Украина има право да пука во цели во Русија

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Русија: Околу 112.000 луѓе евакуирани од украинскиот упад во областа Курск

(ВИДЕО) ХУР: Уништен е стратешки руски воен авион