Давутоглу вети заштита на сите религии во Турција

Од:

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу вети дека ќе ја штити религиската припадност на сите граѓани во Турција, „па дури и на будизмот“, соопшти турскиот весник на англиски јазик „Хуриет дејли њуз“.

Во своето неделно обраќање пред пратениците од владеачката „Партија на правдата и развојот“ (АКП) Давутоглу вчера остро ја искритикува главната опозициска Републиканско-народна партија (РНП) за „нивниот обид за борба против религијата“.

– РНП соопшти дека ние треба да ги укинеме часовите по религија во училиштата. Борбата против религијата е во нивното сознание, како што секогаш и било, посочи турскиот премиер.

Во однос на проблемите што се поврзани со терористичката група Исламска држава, Давутоглу подвлече дека правилната религиска обука е задолжителен услов за „справување со радикалните тенденции“, вклучувајќи го и радикализмот на ИД.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ