Во Варшава избија судири меѓу полицајци и демонстранти за време на Маршот на независноста, организиран од националистички организации по повод одбележувањето на Ден на независноста на Полска.
Групи од агресивни маскирани момчиња фрлале со димни бомби и камења, а полицијата одговорила со водени топови. Полските медиуми пренесуваат дека една полицајка била повредена во немирите.
Во националистичкиот собир учествувале неколку десетици илјади лица, а поради инцидентите кои избиле на неколку места, маршот бил запрен извесно време.
Портпарол на варшавската полиција изјави дека силите на редот успеале да изолираат „дел од хулиганите кои се одвоиле од протестниот марш“.