Шпанската полиција трага по 30 луѓе под сомнеж дека се вмешани во корупција.
Во новата полициска акција извршени се претреси и апсења во јужната област Андалузија, пред се во провинциите Севиља, Кордоба, Хаен, Велва, Кадикс, Гранада, како и во Мадрид, Валенсија, на Канарските Острови, како и на Сарагоза и во Барселона.
Лицата кои се под истрага можат да бидат обвинети за учесто во корупциска мрежа.
Шпанската Влада вети дека ќе се бори против корупцијата, која заедно со невработеноста се најголеми проблеми за Шпанците.