Рускиот претседател Владимир Путин покажа дека е голем кавалер, кога синоќа на свечена вечера во Пекинг со својот шал ја наметнал првата дама на Кина, Пенг Лијуан.
На вечерата, која била организирана на стадион, присуствувале лидерите од 12 земји, кои учествуваа на самитот на Азиско-пацифичка економска соработка (АПЕК) во Пекинг.
Додека кинескиот преседател Си Џинпинг разговарал со претседателот на САД, Барак Обама, кој бил од неговата десна страна, првата дама на Кина разговарала со Путин.
Кога забележал дека на сопругата на кинескиот претседател и студи, Путин станал и ја наметнал со шал преку рамената. Тоа го забележелале камерите на кинеската државна телевизијам но и голем број фоторепортери.
Видео снимката, веднаш привлече големо внимание на социјалните мрежи, но по неколку часа снимката била отсранета од информативните сајтови.
Реагирале и кениските цензори, кои ја избришале од социјалнит мрежи.
Своите кавалерски манири, рускиот претседател ги покажа и минатата година во Санкт Петербург, кога со ќебе ја наметна и германската канцеларка Ангела Меркел.