Земјите-членки на Европската унија ќе може во иднина да забранат одгледување на Генетски модификувана храна (ГМО) на својата територија, јави дописникот на МИА од Брисел.
Комитетот за околина, јавно здравје и безбедност на храната при Европскиот парламент, денеска со 53 гласа за и 11 против ја изгласа можноста ЕУ-земјите да го ограничат или воопшто целосно да забранат производство на ГМО-храна.
Со оваа одлука на европскиот законодавен дом, која треба да биде потврдена и на пленарна седниа на Европарламентот, паднаа во вода надежите на големите компании да одгледуваат и произведуваат Генетски модификувана храна во земјите-членки на ЕУ што тоа не го сакаат.