Објавена новата збирка песни „Се случува вечност“ на Радован Павловски

Од:

Познатиот македонски поет, академикот Радован Павловски во поетската едиција на скопски Макавеј, ја објави новата збирка песни со наслов „Се случува вечност“, која претставува нов предизвик  и средба со ретките поетски дарови на овој исклучителен лиричар.

Стихозбирката содржи осумдесетина песни кои се поделени во повеќе тематски циклуси – „Се случува вечност“, „Премногу живот“, „Семе за сеидба“, „Бел камен“, „Гостин во сонот“ и „Римска воденица“.

По повод објавувањето на книгата, поетот и литературен критичар Бранко Цветкоски потенцира дека добрите познавачи и читетаелите на поезијата на Радован Павловски знаат дека во фигуративниот арсенал од почетоците на присуството на овој лиричар во македонскиот книжевен живот, посебна нагласка имаат метафоричните одекнувања што ја штитат изворноста и оригиналноста на неговиот поетски текст.

– Во таа смисла високата сугестивност на доживувањето и во новата книга „Се случува вечност“ ги исполнува читателските очекувања, така што се соочуваме со постојана затегнатост на ракописот кое се стреми до трајно сраснување во поетското доживување на чудесниот лирски микс што поетото го прави со знаците на историјата, традицијата, митологијата и со неговиот чудесен личен космогониум импрегнирам со заумна и метафизичка маја, вели Цветкоски.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска