„Народен фронт“ на Арсениј Јацењук победи на парламентарните избори во Украина

Од:

„Народниот фронт“ на премиерот Арсениј Јацењук победи на парламентарните избори во Украина, освојувајќи 22,14 отсто од гласовите, соопшти синоќа украинската Централна изборна комисија по пребројувањето на сите гласачки ливчиња.

Блокот на Петро Порошенко освои 21,81 отсто од гласовите, пренесува ТАСС.

Партијата „Самопомош“ на градоначалникот на Лвов, Андреј Садовиј, освои 10,97 отсто од гласовите, Опозицискиот блок освои 9,43 отсто гласови, радикалната партија 7,44  отсто, а „Баткившчина“ на Јулија Тимошенко 5,68 отсто од гласовите.

Претседателот на Централната изборна комисија, Михаил Охендовски, синоќа соопшти дека „Народниот фронт“ ќе има 64 места во новиот украински Парламент, а Блокот на Петро Порошенко 63 места. „Самопомош“ треба да има 32 места, Опозицискиот блок 27, Радикалната партија 22, а „Баткившчина 17 места.

Би можело да ве интересира

Зеленски го претстави победничкиот план, има пет точки

Серија воздушни напади врз Киев

Тарнер: Украина има право да пука во цели во Русија

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Русија: Околу 112.000 луѓе евакуирани од украинскиот упад во областа Курск

(ВИДЕО) ХУР: Уништен е стратешки руски воен авион