Општина Велес и велешката гимназија „Кочо Рацин“ во рамки на програмата за одбележување 75 години од издавањето на Рациновата стихозбирка „Бели мугри“ вечерва организираа перформанс на Ѓорѓи Бисерков со познати песни на Гане Тодоровски, во пијано-придружба на професорот од гимназијата Стојанче Иванов.
Бисерков изјави дека перформансот е воедно и спомен за големиот Гане Тодоровски, со кого лично се познавал и соработувал.
Тој во преполната сала на Општина Велес настапи со некои од стихозбирките на Гане Тодоровски, како „Недостижна“ и „Живеј песно“, а професорот Стојанче Иванов го придружуваше на пијано со композиции од македонски песни.