Протести против затворањето на ТЕЦ „Варна“

Од:

Вработените во ТЕЦ „Варна“ денеска се собраа на протест против затворање на централата, пред катедралата „Свето Успение Богородично“ во овој буграски проморски град.

Како што јави БТА, незадоволните работници упатија барање до бугарската Влада, електраната да продоложи со работата.

Претседателот на синдикатот во ТЕЦ „Варна“, Христо Христов изјави дека сите биле информирани за овој проблем, но дека сепак е донесена одлука централата да се затвори до 31 декември.

Спред него, досега никој не успеал да ги убеди сопствениците да извршат еколшки инвестиции во термоцентралата. Христов посочи дека од 1 јануари 2015 година бројката на вработени во централата ќе биде намалена од 308 на 236 лица.

Инаку, работниците сметаат дека централата и е потребна на земјата и дека треба да продолжи со работа со полн капацитет. Според синдикатите, централата има шанси да продолжи да работи, ако се продолжи рокот на работа барем на еден од блоковите со што ќе нема отпуштање на толку работници.

Би можело да ве интересира

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Сиљановска Давкова: Договор за пријателство со Бугарија нема одредба за менување на Уставот

Горан Наумовски

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ

Медиуми: 1,6 милиони евра поврзани со нападот во Либан поминале низ Бугарија

Горан Наумовски

Бугарското МНР за знамињата на средбата меѓу Сиљановска Давкова и Радев: Посетата не беше официјална