Почина 38-годишната Лидија Петрова, што се самозапали пред бугарското претседателство минатата недела, соопшти „Пирогов“, пренесува БТА.
Жената подлегнала на повредите во болница во текот на ноќта.
Во понеделникот минатата недела Лидија Петрова е примена во болницата „Пирогов“ со тешки изгореници на 90 проценти од телото.