Американскиот претседател Барак Обама изјави дека распоредувањето на повеќе од 1.500 американски војници во Ирак претставува нова фаза во борба против милитантите на ИСИС.
Според неговите зборови иако новите војници се советници кои не учествуваат во борбите, сепак тие можат да помогнат во Ирак, во борба против исламистите.
-Прва фаза беше формирање одговорна ирачка влада и ние тоа го направивме. Сега сме во позиција да тргнеме во офанзива , а не да се обидуваме да го сопреме напредувањето на исламистите- рече Обама и додаде дека сега им се потребни копнени сили кои ќе ги потиснат припадниците на ИСИС.
На прашањето дали ќе испрати уште војска во Ирак, тој нагласи дека како командант на вооружените сили никогаш нема да рече никогаш и дека на мисијата ќе и се приклучат и членови на коалицијата.
Е. Г.