А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Ќе остане ли опозицијата без пратеници?

by А1он10/11/2014 - 08:1910/11/2014 - 13:28443
Share0

Денеска истекуваат уставните 6 месеци од верификацијата на 34 -те мандати на пратениците од опозицијата од страна на Собранието, или рокот во кој треба да седнат во пратеничките клупи. Во спротивно се соочуваат со постапка за одземање на мандатите.

Следете a1on на Instagram Instagram

Но дали ќе се повлече овој чекор се уште е неизвесно, иако Вељаноски, според Деловникот и законите ова не може да го одолговлекува. Неоправдано отсуство подолго од шест месеци, согласно одредбите предвидува постапка за одземање на мандатот на пратеник.

Но, дали ќе дојде до оваа постапка сеуште никој со сигурност не потврдува. Собраниски извори велат дека најверојатно ќе се користат сите механизми за дополнително одложување на оваа процедура.

Власта, според наши извори, тактизира со одземањето на мандати – се чека исход од евентуалните преговори Груевски – Заев на што инсистира и меѓународната заедница.

Следете a1on на Youtube YouTube

Само три пратенички од 34-те народни избраници се вклучија во работата на Собранието и се спротиставија на ставот на опозицијата за бојкот на Парламентот. Не се знае дали и колку пратеници од опозицијата ќе дојдат на денешната закажана седница на Собранието. СДСМ и помалите опозициски партии пред неколку дена повторно се изјаснија дека не се враќаат во Парламентот.

Претседателот на Собранието Вељаноски, по добивањето на евиденцијата, се очекува да побара заклучок од Комисијата за мандатно – имунитетни прашања за отсуствата, по што треба да следува изјаснување на Собранието. Мандат на пратеник може да се одземе со двотретинско мнозинство.

ВМРО-ДПМНЕ не се изјаснува како ќе гласа, а ДУИ најави дека ќе гласа против одземање на мандатите на опозицијата.

sobranie

Би можело да ве интересира

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он18/05/2026 - 16:06

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски18/05/2026 - 13:0518/05/2026 - 13:11

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Горан Наумовски07/05/2026 - 15:20

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он29/04/2026 - 18:44

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски22/04/2026 - 13:0022/04/2026 - 13:13

Собранието ќе расправа за законските измани за укинување на техничката влада

Горан Наумовски22/04/2026 - 07:21
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто