Учебниците од „Кембриџ“ се отфрлени, се користат оние од „Нилсон“

Од:

Најпрво сакам да ги демантирам кажувањата на СДСМ искажани на денечната прес-конференција. Точно е дека бев претседател на Комисијата за избор на учебници според новата наставна програма изготвена од Центарот за образовни програми од Кембриџ. До комисијата стигнаа два комплети на учебници од прво до трето одделение и тоа од издавачките куќи Просветно дело и Арсламина, кои понудија учебници адаптирани по посочената програма и тоа од издавачките куќи Кембриџ и Нелсон, соодветно.

После добивањето на комплетите учебници, Комисијата пристапи кон стручна и методска анализа на истите. После анализата, Комисијата до Министерството за образование и наука достави известување и записници за сите шест пристигнати учебници. Она што е точно е дека Комисијата едногласно ги отфрли сите три учебници од издавачката куќа Кембриџ бидејќи не ја покривааа програмата и заради бројните материјални, методски и научни грешки. Ваквата препорака на Комисијата е во целост почитувана од надлежното Министерство и во употреба се учебниците од издавачката куќа Нелсон, кои и добија препорака од Комисијата која ја раководев.

Она што го поседува СДСМ е мое обраќање до моите колеги математичари за неакадемското однесувања на една наша колешка, која со уцена се обиде да издејствува од Комисијата да бидат предложени учебниците понудени од издавачката куќа Кембриџ.

Како долгогодишен професор во целост стојам зад документите потпишани од Комисијата и зад писмото за неакадемското однесување на нашата колешка математичарка, вели во писмената реакција професорот Ристо Малчески.

Би можело да ве интересира

Јаневска: Се разговара со синдикатот за повисоки плати на наставниците

Раст на платите во јавната администрација и образованието ќе има следната година

Независниот синдикат порачува: Нека се скрати на превоз на пратеници, на апанажи, на службени возила и ќе има пари и за просветните работници

Предраг Петровиќ

Јаневска: Нашите ученици каснат многу во однос на нивните врсници во Европа

(ВИДЕО) Баковска: Нема образовни асистенти во училиштата, гневни се родителите на децата

Наставниците нема да добијат зголемување на платите во септември, ќе има во март