Комеморација за британските војници загинати во Првата светска војна

Од:

Делегација на Министерството за одбрана на Република Македонија, предводена од министерот Зоран Јолевски, денеска положи венец со свежо цвеќе на Британските воени гробишта во Скопје, во спомен на загинатите британски војници од Првата светска војна.

Службата за сеќавање на загинатите борци ја организираше Британската амбасада во Македонија. – Оваа служба е со цел да се потсетиме на сите оние од различни националности, воени лица или цивили, кои го изгубиле својот живот во војна или конфликт или за каузата за мир, информираше Амбасадата.

На службата во чест на 117 војници на Велика Британија погребани во Скопје, присуствуваа и претставници на Армијата на Република Македонија и на дипломатската заедница во земјава.

Би можело да ве интересира

Влада ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 мај

Горан Наумовски

Владата најави поевтинување на дизелот за 6,5 денари

Владата одлучи: Нема да трошиме време и пари на референдум за европскиот пат

Горан Наумовски

СДСМ: Владата потфрли во економијата и ги разочара граѓаните

Нови правила за игрите на среќа: Казината 500 метри од училишта, забрана за апарати во обложувалници

Горан Наумовски

Именувана е новата унгарска влада