(ВИДЕО) Атанасов: Скандал: Надлежната комисија ги отфрлила учебниците „Кембриџ“, власта не послушала

Од:

Има бизнис скандал „Кембриџ“ тежок 12 милиони евра, во којшто се вмешани Владата и Министерството за образование. Денеска ќе откриеме што се случило, откако се донесени учебниците кои чинат 12 милиони евра од Кембриџ во земјава. Имаме писмо од проф. Д-р Ристо Малчески, кој се обраќа до членовите на математичката академска заедница, меѓу другото, и во врска со донесените учебници, вели Петар Атанасов, претседател на Комисијата за образование и наука.

Еве го писмото.

Во него професор Малчески вели дека на огласот за рецензенти за учебниците од Кембриџ, што го распишала Педагошката служба, се пријавил и самиот тој и бил одреден за претседавач на Комисијата. Комисијата ја започнала својата работа и, цитирам: „Едногласно ги отфрли учебниците што беа понудени од Кембриџ и тоа не само заради тоа што не ја покриваат нашата Програма, туку и заради бројните материјални, методски и научни грешки“.

Професор Малчески понатаму додава дека „Едноставно, како овие книги да ги адаптирале луѓе кои немаат елементарни математички знаења“.  

-Како се случи по овој став на стручната Комисија, донесените “Кембриџ“ учебници сепак да бидат наложени на училиштата?

-Во чии раце, колкави хонорари се легнати?

Соомневањето на СДСМ дека се работи за бизнис зделка го призна токму партијата на Груевски. “Постои договор со ПРОВАЈДЕР на меѓународни образовни програми“, напиша синоќа Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа значи, како што соопштивме, дека станува збор за обичен комерцијален договор помеѓу Министерството за образование во земјава со една издавачка куќа од Велика Британија, или фирма давател на услуги како претставник на издавачката куќа.

Децата во Велика Британија не учат од истите учебници, како што говореше заменик министерот Ристовски, туку учат од програми подготвени од нивното Министерство за образование. Отворете го нивниот веб сајт и се ќе ви стане јасно.
Почитувани родители,
Нашите деца се изложени на уште еден штетен експеримент, зад кој веројатно стојат и бизнис интереси.
Адеми и Ристовски, но и Владата на Груевски не можат повеќе да молчат.
Јавноста, наставниците, родителите имаат право на одговори, веднаш.

Би можело да ве интересира

Јаневска: Се разговара со синдикатот за повисоки плати на наставниците

Раст на платите во јавната администрација и образованието ќе има следната година

Независниот синдикат порачува: Нека се скрати на превоз на пратеници, на апанажи, на службени возила и ќе има пари и за просветните работници

Предраг Петровиќ

Јаневска: Нашите ученици каснат многу во однос на нивните врсници во Европа

(ВИДЕО) Баковска: Нема образовни асистенти во училиштата, гневни се родителите на децата

Наставниците нема да добијат зголемување на платите во септември, ќе има во март