Браќата Алекс и Марк Маркез испишаа нова страница во историјата на мото трките.
Помладиот од двацата, Алекс (18), денеска со освојувањето на третото место ја освои титулата во Мото3 класата.
На крајот шампионатот беше решен со само два поени – Маркез имаше 278 поени, Милер на 276 поени и колегата на Маркез во Хонда, Алекс Ринс како трет со 237 поени.
Покрај браќата Маркез, Мото2 титулата ја освои уште еден Шпанец, Естеве Рабат.
Постариот Маркез, Марк (21) во Австралија веќе ја освои втората титула, а денеска ја запиша 13-та победа оваа сезона во Мото ГП што е и нов рекорд на победи во една сезона.