Изминатата недела санкционирани 1.018 учесници во сообраќајот

Од:

СВР Скопје изминатата недела спроведе зајакнати контроли на подрачјето на Град Скопје и од страна на сообраќајната полиција санкционирани се вкупно 1.018 учесници во сообраќајот за сторени прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Кај 45 возачи е утврдено дека управувале возила под дејство на алкохол, потоа 74 лица управувале возила со измината важност на сообраќајната дозвола, без возачка дозвола управувале 44 возачи, кај 22 лица е утврден сообраќаен прекршок за поминување на црвено светло, 37 возачи управувале возила со над дозволената брзина, а 28 возачи управувале возило со над 90 км на час во населено место.

Изречени се 69 прекршоци за некористење на сигурносен појас, 42 прекршоци за зборување на мобилен телефон, потоа 32 прекршоци за паркирање во зона на крстосница, автобуска постојка и пешачки премин, 343 прекршоци за неправилно и непрописно паркирање, за недавање на првенство на минување изречен е еден прекршок, за недавање првенство на минување на пешаци изречени се пет прекршоци, за непрописно престројување изречени се 15 прекршоци, за прекршоци што ги чинат пешаците изречени се 70 прекршоци. За сообраќаен прекршок претовар изречени се три прекршоци, кај 10 возила е утврдена техничка неисправност и со пајак возило подигнати се вкупно 357 возила.

СВР-Скопје и натаму ќе продолжи со зајакнати сообраќајни контроли по однос на прекршоци кои доведуваат до сообраќајни незгоди и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел да се намалат сообраќајните незгоди.

Би можело да ве интересира

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он

Уапсен е битолчанец – кај него пронајдени три пушки и три пиштоли

А1он