Ристовски: СДСМ сака да ги девалвира реформите во образованието

Од:

Вкупно 790.000 евра, а не 12 милиона како што наведува СДСМ, е Договорот што го потпиша Министерстото за образвание и наука со Меѓународниот центар за наставни програми Кембриџ.

Како што соопшти денеска ресорниот заменик-министер Спиро Ристовски, драстична е разликата меѓу фактичката, реална бројка, и онаа што ја наведува опозициската партија.

– Изминатите неколку денови сме сведоци на комплетна збунетост на СДСМ која изнесува невистини од којзнае какви причини, обидувајќи се да ја дезинформира јавноста за состојба што јавно беше презентирана. Владата и Министерството изминатите две години јавно соопштија и реализираа договори со Меѓународниот центар за наставни програми Кембриџ, нагласи Ристовски.

Според него, СДСМ сака да го дерогира квалитетот на реформите кој Македонија се обидува да го спроведе со еден од најстарите универзитети во светот кој постои повеќе од 800 години или неговиот оддел за меѓународна соработка и развој на наставни програми кој постои преку 160 години.

– СДСМ се обидува да каже дека се работи за некаква невладина организација што е срамно да се коментира за Универзитетот Кембриџ, а деновиве, пак обвинува за склучување некаков наводен купопродажен договор вреден 12 милиони евра, посочи заменик-министерот.

Договорот потпишан во петокот е практично продолжување на соработката со Кембриџ, односно воведување на ваквиот тип програма и во четврто, петто и шесто одделние.

Договорот потпишан минатата година со оваа реномирана образовна институција ги опфати прво, второ и трето одделение, а изнесуваше вкупно 604.228 фунти.

– Дури ни вкупната сума од ланскиот и годинашниот договор не достигнува 12 милиони евра, додаде Ристовски.

Би можело да ве интересира

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование