Први порази за Хјустон и Мемфис во НБА лигата

Од:

Кошаркарите на Хјустон го претрпеа првиот пораз во новата сезона од НБА лигата. Тие ноќеска на домашен терен загубија од Голден Стејт, па така нивниот ривал остана единствената непоразена екипа во лигата.

Прв пораз доживеа и тимот на Мемфис на гостувањето кај Милвоки.

Победа на домашен терен постигна и тимот на Перо Антиќ Атланта, а нашиот кошаркар постигна два поена.

Резултати на ноќешните натпревари: ЛА Клиперс – Портланд 106:102, Индијана – Вашингтон 90:97, Атланта – Њујорк 103:96, Мајами – Минесота 102:92, Чикаго – Бостон 101:106, Хјустон – Голден Стејт 87:98 , Милвоки – Мемфис 93:92 и Сан Антонио – Њу Орлеанс 99:100.
Вечерва се играат осум натпревари: Бруклин – Орландо, Детроит – Јута, Оклахома Сити – Сакраменто, Торонто – Филаделфија, Далас – Мајами, Феникс – Голден Стејт, Портланд – Денвер и ЛА Лејкерс – Шарлот.

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on