Седуммина приведени поради рударската несреќа во јужна Турција

Од:

Турската полиција приведе седум лица во врска со несреќата во рудникот во Ерменек во јужна Турција на 28 октомври, кога под земја блокирани останаа 18 рудари, соопшти денеска турскиот министер за енергетика и природни ресурси Танер Јилдиз.

Рударите остана блокирани во рудникот, откако јамата се наполни со вода. Десет дена по несреќата спасувачките екипи од рудникот извадија тела на двајца загинати рудари. Потрагата по остантите 16-мина рудари продолжува.

Министерот информира дека полицијата привела двајца од тројцата сопственици на рудникот и пет лица од техничкиот персонал. Третиот сопственик на рудникот не е пронајден и по него е распишана потереница.

Според Јилдиз, инцидентот е последица на „очигледна грешка“ на раководството на рудникот. Тој нагласи дека истрагата за случајот е во тек и по нејзиното завршување, на јавноста ќе и бидат соопштени добиените сознанија.

Јилдиз нагласи дека рудникот во кој се заглавени рударите се наоѓал на само шест до седум метри од друга рударска јама која веќе не е во употреба, што е во спротивност на правилата.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ