А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Во стан откриен импровизиран систем за одгледување марихуана

by А1он08/11/2014 - 12:41110
Share0

Три лица, двајца македонски и еден француски државјанин, биле приведени, а била пронајдена и одредена количина растенија, најверојатно канабис сатива, и импровизиран систем за саксиско одгледување растенија сместен во дрвен плакар по вчерашниот претрес на изнајмениот стан во кој подолго време претсојувал Г.М.(29) од Тетово, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Во претресот реализиран со соодветна судска наредба а на кој присуствувал и јавен обвинител во домот, односно во спалната на изнајмен стан во кој престојувал неколку години, пронајдени се пет саксии со непознато растение, најверојатно канабис сатива, две саксии со друго непознато растение, 715 растителни семки и една зипер-кесечика со растителна материја. Покрај ова, поврзани во импровизиран систем за саксиско одгледување растенија што бил сместен и функционирал во дрвен плакар обложен со алуминиумска фолија пронајдени се и вентилатор, електричен кабел, две светилки, термометар и пластично шише, изјави Јосифовски.

Се што е пронајдено во претресот е одземено и ќе се вештачи, а Г.М. и уште две лица кои биле затекнати со него, Б.Р (29) од Тетово и францускиот државјанин Г.Ж ( 30 ) приведени се и по наредба на јавен обвинител задржани се во СВР Тетово. По расчистување на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

mvr

Би можело да ве интересира

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Горан Наумовски05/11/2026 - 17:50

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

Катерина Ѓуровски05/11/2026 - 10:53

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски01/11/2026 - 16:1801/11/2026 - 16:19

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

Катерина Ѓуровски30/10/2026 - 10:30

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он28/10/2026 - 17:3828/10/2026 - 17:52

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он28/10/2026 - 15:37
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео