Застреланиот полицаец се здобил со прострелна рана во рамото

Од:

Полицаецот во кој доцна синоќа било пукано се здобил со прострелна рана во рамото и по укажаната лекарска помош на Скопските клиники тој е пуштен на домашно лекување.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил во 23:10 часот зад трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје, пренесе Нетпрес.

Според првичните информации полицаецот бил нападнат од две непознати лица. Полицаецот не бил на должност ниту носел униформа.

Полицијата работи на пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на инцидентот.

Би можело да ве интересира

МВР: Има зачестена појава на измамнички пораки за наплата на сообраќајни прекршоци

А1он

Србин уапсен во Скопје: Осомничен за подготовка на платено убиство

Катерина Ѓуровски

Поднесена кривична пријава против припадникот на обезбедувањето на Мицкоски кој ја истепа сопругата

Катерина Ѓуровски

Поднесени кривични пријави за родителите на малолетничките кои тепаа и малтретираа 13-годишно девојче

Измамнички пораки за казни од „Сејф сити“ водат до непосточека веб страница на МВР

Лажни се дојавите за поставени бомби во повеќе училишта во Скопје