Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески денеска го прими македонскиот кик боксерски репрезентативец Мики Ивановски, кој на последното Европско првенство во Мадрид го освои третото место во категоријата К1 до 81 килограм.
Спасески му го честиташе успехот на Ивановски, кој успеа во најтешката категорија да се закити со медал.
Ивановски се заблагодари за приемот и додаде дека ова за него преставува почеток на успеси во неговата кариера, каде во наредниот период ќе тренира со уште позасилено темпо за да успее да се закити со златен медал од следното Европско првенство.