Во Бугарија потпишан договор за формирање коалициска влада

Од:

Партијата Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) денеска потпиша договор за формирање малцинска коалициска влада по едномесечни преговори, соопштија бугарски официјални претставници.

Документот е потпишан во парламентот од лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов и лидерите на пет мали партии во составот на Реформскиот блок, јави БТА.

– Направивме голем напор. Најмалку десет пати бевме на раб до нови избори. Направивме сериозни жртви, изјави Борисов по потпишувањето на коалицискиот договор, изразувајќи надеж дека новата влада ќе има долг живот.

Со договорот се избегнува најлошото можно сценарио за Бугарија и уште едни предвремени избори.

Владата на Борисов ќе биде петта во помалку од две години во државата која заздравува од банкарската криза и се обидува да го поттикне економскиот развој на земјата.

Партијата ГЕРБ освои најмногу гласови на изборите на 5 октомври, но не обезбеди мнозинство. Борисов се очекува во текот на денот да го претстави својот кабинет, а гласањето за доверба на владата ќе биде одржано утре во бугарскиот парламент.

Би можело да ве интересира

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Сиљановска Давкова: Договор за пријателство со Бугарија нема одредба за менување на Уставот

Горан Наумовски

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ

Медиуми: 1,6 милиони евра поврзани со нападот во Либан поминале низ Бугарија

Горан Наумовски

Бугарското МНР за знамињата на средбата меѓу Сиљановска Давкова и Радев: Посетата не беше официјална