Хамoнд: Кога ЕУ ќе се реформира, ќе биде уште попривлечна за балканските држави

Од:

Шефот на британската дипломатија Филип Хамoнд изјави дека се восхитува на ентузијазмот на балканските држави кои се стремат да станат земји-членки на Европската унија, но верува дека оптимизмот ќе стане уште поголем ако ЕУ ги спроведе реформите кои ги бара Велика Британија.

Хамoнд на вчерашната конференција на министрите за надворешни работи во Берлин истакна дека е идентификувана неопходноста од реформи и недостатоците во сегашната ЕУ.

– Имаме многу земји-кандидатки кои тропаат на вратата, независно од сите слабости. Ќе станат уште поголеми нтузијасти кога Европа ќе се реформира и ќе стане конкурентен играч во глобалната економија, која создава работни места за своите народи, за младите луѓе, а во моментот тоа не го прави – рече Хамонд.

Тој вели оти не верува дека британскиот премиер Дејвид Камерон сака Велика Британија да ја напушти Унијата.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он