Јункер во првата недела од својот мандат се најде среде даночен скандал

Од:

По денеска објавените извештаи за даночнитe затајувања во Луксембург, новиот претседател на ЕК Жан Клод Јункер веќе првата недела од својот мандат се најде во средиште на скандали.

Речиси сите поважни европски медиуми го пренесоа извештајот на Меѓународниот конзорциум за истражувачко новинарство, според кој Луксембург им помогнал на големите корпорации да избегнат да платат милијарди евра даноци на матичните земји.

Над 300 корпорации, вклучувајќи го компјутерскиот гигант „Епл“ и шведскиот производител на мебел „Икеа“, благодарение на луксембуршките даночни органи, фиктивно регистрирале седиште во Луксембург, што им овозможило даночна стапка од речиси еден отсто, се наведува во извештајот.

Повеќето од наведените злоупотреби извршени се во време додека Јункер бил министер за финансии, и премиер на Луксембург, што веднаш покрена обвиненија дека морал да знае што се случува.

Јункер, меѓутоа, преку својот портпарол порача дека „совеста му е мирна и оти со случајот ќе се позанимаваат надлежните органи на Комисијата“.

Тој рече дека обвиненијата изнесени во извештајот не претставуваат ништо ново, бидејќи многу членки на ЕУ се обидуваат да ги заобиколат европските правила за заштита на конкуренцијата преку даночни олеснувања на големите компании.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија