МАНУ одбележа 1000 години од Беласичката битка и смртта на Цар Самуил

Од:

Одбележувањето и научната расправа за Беласичката битка, смртта на Самуил, а тоа значи и Самуиловата држава и нејзиното пропаѓање, ќе претставува несомнен придонес, но и поттик за продлабочување на проучувањата на македонската средновековна историја и на византологијата, подрачја кои кај нас не се доволни истражени и расветлени.

Ова денеска го кажа академик Владо Камбовски во обраќањето на Свечениот собир по повод одбележувањето на 1.000 години од битката на Беласица и смртта на Цар Самуил, каде нагласи дека ова одбележување МАНУ и македонската историска наука и општествена мисла им го должат на македонскиот народ и на неговата историска меморија, постоење и иднина.

– Во овој бележит и свечен миг кој не е славење на победа, туку трагичен пораз, за Цар Самоил и неговата држава е важно да се преповторат неколку констатации. Заслужува посебно внимание фактот, пред се политичкиот центар на Самоиловата држава бил востановен и до нејзиниот крај останал во Преспа и Охрид, а тоа е централниот дел на кое постоело словенското кнежество на Берзитите. Не може да постои никаква случајност во втемелувањето на политичкиот центар на самоиловата држава на просторот на македонските склавинии на кој во крајот на 9 век била востановена високо развиена црковна и духовна дејност од првиот словенски епископ Климент. Во неговата епископија која била под јурисдикција на бугарската патријаршија со седиште во Преслав, а потоа и Доростој, Свети Климент заедно со Свети Наум развиле богат духовен живот што опфаѓал ширење на православието на словенскиот јазик, изградба на манастири и обемна образовна книжевна дејност, истакна Камбовски.

Битен е фактот, додаде, дека по пропаѓањето на Самоиловото царство, царот Василиј Втори не ја укинал автокефалноста на Охридската архиескопија, туку и го одземал само статусот на патријаршија.

Според историчарот Милан Бошковски, Цар Самоил државно правната традиција и идејата да биде Цар, ја узурпирал од пропаднатото Бугарско царство.

– Според современите извори од 10 век претставува податок во кој се вели дека Самоил бил Ерменец. Овој податок покажува дека Самоил не бил бугарин. Клучните византиски историчари од каде што ги црпиме податоците за цар Самоил напишани се во втората половина на 11 век, истакна Бошковски.

Податоците од тоа време, додаде тој, говорат за напади на скити кои биле самоиловите поданици како и на мизи под кои што се подразбира словенски народ, но никаде не се заборува за Бугари.

Би можело да ве интересира

МАНУ: Во Македонија постои само една национална академија

ВРЕДИ почна да го реализира планот за албанска Академија, ќе ја финансираат општините со нивни градоначалници

Катерина Ѓуровски

Штрајкуваат вработените во МАНУ, бараат повисоки плати

Горан Наумовски

Влен: Академијата за науки и уметности на Албанците не треба да се гледа како контраст или паралелизам на МАНУ

Муртезани: Не можам да тврдам, но има перцепција дека во МАНУ нема пристат за други етнички заедници

Претседателство на МАНУ: Академијата е отворена за сите што ги исполнуваат критериумите, да не се вовлекува во дневнополитички расправи