Со воз за Белград тргнала во џихад

Од:

Унгарската полиција приведе 16-годишна Холанѓанка, која се упатила кон Сирија за да се приклучи на организацијата Исламска држава, соопштија властите.

Според унгарскиот Центар за антитероризам (ТЕК), девојката се наоѓала во возот кој сообраќал од Будимпешта кон Белград, кога била уапсена од унгарската полиција, бидејќи имала лажни документи.

-Нашите податоци покажуваат дека таа е холандска државјанка со мароканско потекло и дека преку порталите кои служат за пропаганда и врбување била во постојан контакт со исламисти од ИСИС. Таа веќе е подготвена да се ангажира во вооружена борба и изврши терористички дела-стои во соопштението на ТЕК.

Унгарската полиција им ја предаде девојката на холандските власти, кои ја воделе како исчезната и се сомневале дека сака да се приклучи на ИСИС во Сирија, пренесе „Франс прес“.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Дедо, син и внук, но и нивен пријател починаа во септичка јама во Србија

Горан Наумовски

Трагедија во Србија: Неколку лица починаа додека чистеле септичка јама

Горан Наумовски

Силно невреме проследено со дожд и град зафати голем дел од Србија

А1он

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи