Една жена е повредена утрово при експлозија во близина на претседателската резиденција во Каиро, која се случила само неколку часа откако во сличен напад загинаа двајца полицајци и еден цивил, соопштија безбедносни извори.
Откако армијата го собори од власт исламистичкиот претседател Мохамед Морси во јули 2013 година, Египет е зафатен од серија напади. За нив се одговорни џихадистички групи, кои тврдат дека дејствуваат како одговор на жестоките репресии против приврзаниците на Морси.
Иако резиденцијата на египетскиот претседател, Абдел Фатах ал Сиси, е еден од најобезбедуваните објекти во Каиро, сепак безбедносните мерки се зајакнати долго време пред експлозијата.
Во текот на минатата ноќ двајца египетски полицајци се убиени во експлозија на бомба во воз во северниот дел на Каиро, а три лица се повредени при експлозија во метро во главниот град.